Еден од поранешните фудбалер на Ливерпул, Крег Белами смета дека Ливерпул е фаворити во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Претходно, ваква изјава даде и Стивен Џерард, но и уште еден поранешен играч на тимот, Дени Марфи.
„Го гледав Реал против Јувентус и ми остави впечаток дека овој тим е многу ранлив тактички. Стилот на Реал му одговара на Ливерпул. Многу лесно можеш да трчаш зад грбот на нивните дефанзивци“, изјавил Белами.