Здружението за хумано – општенствен развој „Проект Среќа“ – Скопје кое е оформено од Кристина Арнаудова денес го промовираше новиот проект кој го реализираат со помош на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и бројни спонзори и помагатели.
Овој проект ќе ги опфати сите заинтересирани деца кои на возраст од 6 до 18 години , а кои сакаат да се занимаваат со спорт и да тренираат во својот омилен клуб.
Проектот „Здраво Шампиони“ има за цел да им помогне на децата кои немаат услови да се занимаваат со спорт, професионално или рекреативно, а помошта се состои во тоа што ќе биде обезбеда чланарината и спортската опрема за тренирање на овие деца. Овој проект е подржан и од Агенцијата за млади и спорт на РМ, а директорот Дарко Каевски на прес-конференцијата потенцираше дека е задоволен што голем број на деца ќе бидат помогнати за да се занимаваат со спортот кој го сакаат.
Исто така и „Визаир Скопскиот Маратон“ се вклучува во помошта за да се соберат повеќе средства за овој проект да добие поголема финансиска помош, а со тоа да бидат опфатени што поголем број на деца.