Алжирскиот напаѓач на Њукасл, Ислам Слимани, нема да игра повеќе до крајот на сезоната откако беше казнет за три натпревари од страна на Фудбалската асоцијација за грубо однесување во натпреварот против Вест Бромвич Албион.
29-годишниот Слимани игра со позајмица од Лестер, се обидел намерно да го удри Крег Доусон во 80-та минута од натпреварот, кој заврши со минимални 1-0 за ВБА.
Инцидентот не беше видел од страна на судиите, но Фудбалската асоцијација гоказни Слимани по прегледувањето на видео снимката. Казната значи дека Слимани нема да игра на натпреварите со Ватфорд, Тотенхем и Челзи.