Голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак продолжува да докажува зошто е еден од најдобрите на неговата позиција во светот. Словенецот го зачува голот и во реваншот од Лига Европа против Арсенал (1:0) и му помогна на својот тим да се доближи на еден чекор од освојување на трофејот.
Облак нема примено гол на домашниот „Ванда Метрополитано“ цели 1007 последователни минути, што значи повеќе од 11 натпревари. Во овој период, тој испеал да ги одбрани сите 21 удари кои биле упатени во оквир на неговиот гол. Облак е лидер во првенствата од топ 5 по најмногу натпревари без примен погодок – 80. На новиот стадион на Атлетико тој ја вадел топката од сопствениот гол само 7 пати во 32 натпревари, што е навистина импресивно.
„Не беше толку лесно како што можеби изгледало. Покажавме дека сме одличен тим, способен да игра добро во големите натпревари. Со вакви навивачи се е полесно. Гладен сум за трофеи”, изјави по победата над Арсенал голманот Јан Облак.
Во целата сезона тој има вкупно 28 „суви мрежи” во Ла Лига и Лига Европа – повеќе од примените голови на Атлетико во двете натпреварувања.