Ливерпул, кој во последните години направи големи инвестиции со купување на играчи од Саутемптон на тој начин редовно ја полнеше касата на „светците”, ќе плати дополнителни меѓу 10 и 15 милиони фунти на клубот од „Сент Мери”, во случај Ливерпул да ја освои Лигата на Шампионите.
Сето ова доаѓа од бонуси, утврдени во договорите за продажба на Вирџил ван Дајк, Садио Мане, Натаниел Клајн, Адам Лалана и Дејан Ловрен, кои беа привлечени од Саутемптон од 2014 година наваму.
Ова дополнително плаќање сепак нема да биде проблем за клубот од „Енфилд”, кој веќе си обезбеди 69 милиони фунти од учеството во Лигата на шампионите досега. Ако победат во финалето во Киев, Ливерпул ќе добие минимум 4 милиони фунти од неговите спонзори.
Медиумите на островот, исто така, откриваат какви бонуси играчите ќе земат на настанот ако го совладаат Реал Мадрид во финалето. Според весникот „Сан“, секој ќе добие поединечна премија од 750.000 фунти. Сепак, износот е помал од премијата што Кристиано Роналдо и друштвото ќе ја добијат. Според истиот извор, таа премија изнесува 1 милион фунти.