Тимот на Милан може да се раздели со португалската ѕвезда Андре Силва уште во текот на летото. Спортскиот директор на „росонерите“, Масимилијано Мирабели и агентот на фудбалерот, Жорже Мендеш, имале средба во Мадрид веднаш по реваншот од 1/2-финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал и Баерн Минхен.
Тие заедно со спортскиот директор на Монако, Михаел Еменало, биле видени во елитен ресторан во Мадрид. „Скај Спорт“ претпоставува дека тема на разговор бил португалскиот репрезентативец Силва кој во претходното лето премина во Милан од составот на Порто за сума од 38 милиони евра, но, не успеа да се наметне за првиот тим.
Силва постигна два гола на средбите со Џенова и Киево во Серија „А“ додека во Лигата на Европа реализираше 8 погодоци во 14 средби.