Легендарниот голман на Арсенал, Дејвид Симан, изјави дека му понудил на клубот две опции за менаџер откако Арсен Венгер најави дека го напушта тимот на крајот на сезоната. Запрашан дали е време за искусен или млад тренер, Симан одговори дека Патрик Виера треба да биде првиот избор на „топчиите“.
Како втора опција за Арсенл, според Симан, треба да биде поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике. Тој освои девет трофеи за три години во Барселона пред да го напушти клубот минатото лето.