Македонските возачи Игор Стефановски – Иџе и Виктор Давидовски, денеска ги очекува нова трка во „ТЦР Европа“ шампионатот во Ле Кастелет, Франција.
Вчера Иџе со возилото на „Хјундаи“ успеа да дојде на седмото место додека Давидовски со возилото на „Ходна“ заврши на 16. Позиција. Втората сезонска трка на патеката „Пол Рикар“ ќе стартува денеска од 15.50 часот.
Главен фаворит за првото место останува вчерашниот победник, Душан Борковиќ од Србија кој ги остави зад него Наѓ и Шпанецот, Азкона