Новиот тренер на екипата на Глазгов Ренџерс за следната сезона, Стивен Џерард, планира да ангажира еден од младите фудбалери на „црвените“ во дресот на својот нов клуб следната сезона.
Како што објваија англиските весници, Џерард ќе се обиде заедно со себе во Глазгов да го однесе и младиот напаѓач на Ливерпул, Доминик Соланке, кој годинава не се наигра во дресот на финалистот во Лигата на шампионите.
Соланке оваа година се појави на 20 меча за Ливерпул, реализирајќи само една асистенција. Џерард исто така ќе се обиде ова лето во Глазгов да го донесе и екс-дефанзивецот на Ливерпул, сега фудбалер на Фенербахче, Мартин Шкртел.