Германскиот репрезентативец Сами Кедира ова лето најверојатно си оди од Јувентус. Според информација на германски „Билд“, Кедира најверојатно ќе се пресели во англиската Премиер лига.
Медиумите веќе извесно време неговото име го поврзуваат со екипите на Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи, но засега не се отпочнати преговори. Кедира не крие дека сака да замине во тим кој ќе му овозможи нов предизвик.
„Мојот договор истекува за една година, и размислувам за иднината, бидејќи сè е можно. Ми се допаѓа во Торино, но сакам нови предизвици. Би сакал да освојам што повеќе титули. Од најдобрите првенства ми недостига Англија. Во Шпанија, Германија и Италија, веќе бев шампион“, изјавил Кедира.