Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и натаму ќе остане во болница на одделението за интензивна нега во една од клиниките во Манчестер, објавија утрово англиските медиуми. Тој беше итно опериран во саботата поради излив во мозокот, но засега нема дополнителни информации за неговата состојба.
Информациите од семејството велат дека операцијата минала добро, но Ферги ќе мора да остане во болница подолг период до закрепнување. 76-годишниот шкотски стратег во мај 2013 година ја заврши својата тренерска кариера по 26 години поминати на клупата на Јунајтед каде освои 38 трофеи.