Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, го потврди списокот на фудбалери (сегашни и поранешни) кои ќе се појават на неговиот проштален натпревар на 21 мај на „Сан Сиро“ со кој официјално ќе ја заврши кариерата.
На списокот се ставени и членовите на генерацијата на италијанската репрезентација која го освои СП во 2006 година. Голмани: Буфон, Дида, Сторари, Абијати. Одбрана: Адани, Барѕалји, Бонера, Бонучи, Канаваро, Кафу, Кјелини, Костакурта, Фавали, Ферара, Гросо, Јанкуловски, Калаѕе, Лихтштајнер, Малдини, Матераци, Неста, Одо, Сержињо, Шимиќ, Ѕамброта.
Среден ред: Албертини, Амброзини, Баронио, Броки, Каморанези, Де Роси, Дијаманти, Гатузо, Леонардо, Маркизио, С. Пепе, Перота, Руи Коста, Сидорф, Верати, Дијана, Лампард. Напад: Шевченко, Роналдо, Роналдињо, Дел Пјеро, Лика Тони, Тоти, Јакинта, Џилардино, Ф. Инѕаги, Бориело, Касано, Креспо, Матри, Пато, Квалјарела, Вентола, Виери