Сопствениците на Арсенал сепак го намалиле кругот на кандидати за избор на нов менаџер на тимот кој ќе треба да го замени Арсен Венгер. Во моментов постојат две опции за тоа кој ќе застане на чело на клубот, информираше денеска „Скај Спортс”.
Во последните две недели не престануваа шпекулациите за тоа кој ќе биде човекот на чело на „топџиите” од следната сезона, а раководството на клубот сака ова прашање да го реши пред почетокот на Светското првенство.
Масимилиано Алегри, кој е на пат да го однесе Јувентус до четвртата последователна титула на Италија, е сметан за фаворит, иако има уште две години од договорот со „старата дама”. Медиумите во Англија и Италија, меѓутоа, сметаат дека раководството на Јуве имаа тенденција да го пуштат во северен Лондон, ако тој изрази желба да го напушти Торино. Луис Енрике е слободен агент откако ја напушти Барселона, но сериозните финансиски барања (според „Мирор” тој сака плата од околу 15 милиони фунти, како и сериозна сума за селекција на играчи) може да ги предомислат луѓето во Арсенал.
Меѓу споменуваните имиња се уште поранешниот асистент на Јирген Клоп – Жељко Бувац. Според „Дејли Стар” сепак варијанта број 2 е единствено Карло Анчелоти, кој исто така нема работа и многупати изјавувал желба да се врати во Премиер лигата, каде освои двојна титула уште во првата сезона на чело на Челзи.