Дефанзивниот играч на Арсенал, Лорен Кошчиелни, ќе мора да се опоравува шест месеци од повредата што ја доби за време на полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетико Мадрид.
32-годишниот фудбалер заработи повреда на ахиловата тетива на почетокот на натпреварот со Атлетико Мадрид минатата недела и ќе го пропушти Светското првенство во Русија.
“Кошчиелни е уништен, тој е подложен на операција и ќе биде вратен за шест месеци, во најдобар случај може да се врати на фудбалскиот терен околу декември”, изјави менаџерот на Арсенал Арсен Венгер, кој на крајот на оваа сезона си заминува од клубот.