Одбојкарите на Струмица се шампиони на домашното одбојкарско првенство. Струмичани успеаа да ја одбранат титулата во финалната серија против Вардар, по победата во Скопје од 3:2.
Ова беше третата победа за Струмица во четвртиот меч со скопските „црвено-црни“. Струмичани и „вардарци“ одиграа уште еден возбудлив натпревар со вкупно пет сета, во кои гостите се потрудија да дојдат до двојната круна оваа сезона, откако претходно го освоија и националниот куп.