Менаџерот на лондонски Челзи, Антонио Конте изјави дека за својата иднина на кормилото на „сините“ ќе зборува по завршувањето на сезоната.
„Ние немаме едноставна ситуација, но јас сум фокусиран на сегашноста, овде и сега. Се обидувам најдобро да ја работам мојата работа, и за играчите и навивачите. Загубивме доста бодови на почетокот на шампионатот, но сега не е време да се гледаме назад, бидејќи ни се потребни три бода на мечевите со Хадерсфилд и Њукасл и се надеваме на неуспеси на нашите конкуренти“, истакнал Италијанецот.
„За две недели сезоната ќе заврши, а потоа ќе ги видиме сите опции“, вели Конте.