Милан може да го добие ова лето голгетерот на Монако, Радамел Фалкао. Како што објавија неколку италијански медиуми, росонеритепланираат да го добијат колумбискиот играч како резултат на размена во која во Монако ќе се пресели Андре Силва.
Жорге Мендеш е менаџер и на двајцата играчи и веројатно нема да му биде тешко да ги убеди да се согласат на размената. Португалскиот напаѓач минатото лето дојде во Милан од Порто за 38 милиони евра, но не успеа да се снајде во новата средина.
Фалкао е одличен во Монако, но веројатно нема да има против да се проба и во Серија А.