Најдобриот голман на планетата за 2017 година – Џанлуиџи Буфон, продолжува да воодушевува со своите настапи.
При победата со 4:0 над Милан во финалето на Купот на Италија, капитенот на италијанскиот гигант Јувентус го заврши својот натпревар број 300 за „бјанконерите” без примен гол. Легендата на Јувентус има вкупно 655 натпревари за тимот од Торино, што значи дека 46% од нив не ја извадил топката од сопствената мрежа.
Буфон има уште неколку лични рекорди. Тој е голманот со најмногу последователни минути без примен гол во Серија „А” – 974, најмногу последователни „суви мрежи“ во првенството – 10, а најмногу средби без да биде совлада во една сезона – 2011/12 и 2015/16 во 21 натпревар.
Во недела вечер, Јувентус и гостува на Рома во пред последниот натпревар оваа сезона, а нерешениот резултат е доволен за да биде потврдено седмото последователено Скудето.