Спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ продолжува со својата работа и објави потпишување на уште два нови договори во неговата екипа.
Поранешниот дефанзивец на клубот објави дека Ариен Робен и Рафиња ги продолжуваат своите договори за уште една сезона и ќе бидат во тимот следната година.
„Ариен и Рафиња се дел од нашите планови за следната сезона и имаат важна улога”, изјави Салихамиџиќ.
34-годишниот Робен игра за Баерн од 2009 година. Холанѓанецот има 21 натпревар, 6 асистенции и 5 гола во Бундеслигата во текот на оваа сезона. Рафиња, кој ќе наполни 33 години во септември, пристигна во Минхен две години подоцна – во 2011 година. Бразилецот одигра 26 од 33 можни натпревари во Бундеслигата оваа сезона.