На посебна свеченост, денеска беа доделени признанија по повод големиот јубилеј 50 години карате спорт на територијата на општината Ѓорче Петров. Во пригодна атмосфера, голем дел од најзаслужните за опстојувањето накаратето во општината во овој половина век, беа наградени со специјални признанија.
На манифестацијата беше промовирана и монографија која раскажува за историјата на настанот. Општината Ѓорче Петров може да се пофали со една од најдолгите истории на карате спортот во нашава земја.