Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека би разбрал, ако Микел Артета побара да си оди и да стане нов тренер на Арсенал. Сепак, Пеп вели дека сака Артета да остане кај шампионите и двајцата да продолжат со заедничката работа.
Артета е асистент на Гвардиола од 2016 година, но во некои медиуми тој се смета за совршена замена за Арсен Венгер, кој ги напушти „топчиите“ по 22 години на функција.
„Ако одлучи да се пресели, бидејќи има таков предлог, нема да кажам дека не треба да оди. Сакам се најдобро за моите пријатели. Ќе бидам навистина тажен, но тоа е негова кариера и животот“, изјавил Гвардиола.