Францускиот шампион ПСЖ официјално го објави името на германскиот стручњак Томас Тухел како нов тренер на нивната екипа.
Поранешниот тренер на Борусија (Дортмунд) добива договор за две сезони и ќе го замени Шпанецот Унаи Емери, кој го напушта клубот. Тухел вчера пристигна во француската престолнина и дури разговараше со големата ѕвезда на тимот на Нејмар.
Се очекува дека парижаните ќе го престават Томас Тухел пред медиумите за неколку недели. Германецот во моментов посетува интензивен курс по француски јазик.