Челзи размислува да направи понуда за ангажирање на менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино ако Антонио Конте ја напушти функцијата, што дефинитивно изгледа многу веројатно, соопштува „Скај Спортс”.
Италијанецот најверојатно ќе објави разделбата со Челзи по финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед кој ќе се игра во сабота, откако сезоната беше големо разочарување и лондончани дури останаа без пласман во Лигата на Шампионите, иако минатата сезона ја освоија титулата.
Шпекулации за тоа кој ќе биде наследник на Конте се присутни одамна, а сега се проговори дека Почетино исто така е сериозен кандидат, откако успеа со тимот на Тотенхем да направи добри резултати изминатите неколку години.
Аргентинецот има договор за уште 3 години со Тотенхем и планира да разговара со претседателот Даниел Леви за зголемувањето на парите за трансфери за да биде неговиот тим конкурентен на останатите конкуренти за титулата. Ако тие разговори не се развиваат добро евентуалниот предлог од Челзи може да биде доста интересен.