Нашиот фудбалски стратег, Чеде Јаневски, има реална шанса да седне на кормилото на бугарскиот тим ЦСКА Софија, објавија медиумите кај нашиот источен сосед.
„Доколку в петок се финализираат деталите, Јаневски уште веднаш, пред крајот на сезоната, ќе го преземе кормилото на ЦСКА Софија“ – пишува – „Меридијан меч“. Бугарскиот состав кој го освои второто место во домашното првенство во текот на летото ќе настапи во квалификациите за Лигата на Европа.
Ќе потсетиме дека Јаневски кој неодaмна си замина од Вардар, претходно ги водеше белгиските состави Бриж, Монс, Мускрон и Беверен.