Новиот руски шампион Локомотив (М) се обидува да го купи хрватскиот напаѓач од екипата на Фиорентина, Никола Калиниќ. Руските медиуми велат дека Калинич веќе ја добил понудата на Локомотив, но до него исто така има стигнато понуда и од германскиот вицешампион Шалке.
Милан го позајми Калиниќ во август минатата година од Фиорентина со обврска да купи на крајот од сезоната за околу 20 милиони евра. „Росонерите“ и не се заинтересирани за продолжување на соработката со него, па Калиниќ со голема веројатност летово ќе ги смени клупските бои.