Младиот португалски фудбалер Ренато Санчез ќе се врати во Баерн Минхен следната сезона и ќе има можност да ги импресионира новиот тренер Нико Ковач, изјави извршниот директор Карл-Хајнц Румениге.
20-годишниот Португалец беше изоставен од составот на националниот тим за СП во Русија поради лошата сезона под наем во Свонси.
„Тој ќе се врати и Нико Ковач ќе се обиде да го врати во форма. Тоа е важна задача за него. Ренато помина две многу тешки години, кои според мене беа резултат од прогласувањето за најдобар млад играч на Европското првенство. Тој не успеа да се справи со тоа психолошки, но ние не сме се откажале од него“, рече Румениге.
Ренато Санчез премина во Баерн од Бенфика со трансфер вреден 35 милиони евра.