Европскиот шампион Португалија веќе го избра тимот со кој ќе патува на СП во Русија. Селекторот Фернандо Сантос ја објави групата од 23 играчи кои ќе бидат патници на Мундијалот.
Во составот како изненадување не се најдоа Нелсон Семедо и Андре Гомез од екипата на Барселона, а исто така го нема и човекот кој и ја донесе европската титула на Португалија пред две години, Едер.
Голмани: Руи Патрисио (Спортинг Лисабон), Антони Лопез (Лион), Бето (Гецтепе)
Одбрана: Седрик Соарес (Саутемптон), Рикардо Переира (Порто), Пепе (Бешикташ), Жозе Фонте (Далиан), Бруно Алвеш (Глазгов Ренџерс), Рубен Диас (Бенфика), Рафаел Гвереиро (Борусија Дортмунд), Марио Руи (Наполи)
Среден ред: Вилијам Карваљо (Спортинг Лисабон), Жоао Мутињо (Монако), Жоао Марио (Вест Хем), Мануел Фернандес (Локомотив Москва), Адриен Силва (Лестер), Бруно Фернандес (Спортинг), Бернардо Силва (Манчестер Сити).
Напад: Гонзало Гуедес ( Валенсија), Желсон Мартинс (Спортинг Лисабон), Рикардо Кварезма (Бешикташ), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Андре Силва (Милан).