Емерик Лапорте кој не беше повикан од селекторот на фудбалерите на Франција за годинашниов Мундијал во Русија, се надева дека ќе добие повик од селекторот на „црвената фурија“ бидејќи има и шпански пасош.
Според информациите кои доаѓаат од земјата на „Галските петли“ Лапорте е подготвен да го промени националниот дрес и да настапи за селекцијата од Пиринеите. Тој е роден во Франција но поголемиот дел живот го помина во Баскија и кариерата ја изгради во Атлетик Билбао и има и шпанско државјанство.
Предводникот на Шпанија, Лопетеги, конечниот список за Мундијалот ќе го соопшти в понеделник.