Легендата на Јувентус , Џиџи Буфон, кој на крајот на сезоната ќе си замине од Торино, добил понуда од францускиот фудбалски шампион, ПСЖ, објавија дел од медиумите.
Според „ЕСПН“ кој се повикува на извори од клубот од „Паркот на принцовите“, ПСЖ бара стабилен и искусен голман. Тоа го потврди и Силвио Мартина, агентот задолжен за трансфери на легендарниот голман.
„Има понуди за Буфон, но засега ништо немаме решено. Џиџи прво ќе оди на одмор а потоа ќе видиме што ќе се случи“, потенцирал менаџерот на италијанскиот голман.