Крилниот играч на Милан Сусо нема да може да биде дел од последниот натпревар во сезоната против Фиорентина кој се игра утре, недела.
Шпанецот добил повреда на последниот тренинг на „росонерите”, која го извади од составот за овој меч. Сусо има 6 гола и 7 асистенции оваа сезона и е еден од водечките играчи на Милан. Сепак, тој имал повреда на мускулот што ќе го извади од теренот 10-15 дена.
Ова најверојатно ќе бара промена во планот за игра на Милан за средбата со Фиорентина. Се очекува Џенаро Гатузо да ја смени формацијата и да игра 2-3-1-2 со Хакан Чалханоглу во улогата на полушпиц зад Никола Калиниќ и Патрик Кутроне.