Одбојкарската репрезентација на Македонија ја очекува настап на 15-то издание на ЦЕВ Европската лига 2018 која се одржува од 20-ти мај до 6-ти јуни. Учесници во ЦЕВ Европската лига се селекциите на: Македонија, Австрија , Летонија и Косово во Групата А и Белорусија, Хрватска, Унгарија и Албанија во Групата Б.
Ќе се играат вкупно шест натпревари (три дома и три на гостински терен. Одбојкарската федерација на Македонија како најава за настапот на нашите репрезентатвци го промовираше пред јавноста и новиот селектор Љубомир Травица кој ќе ја води нашата селекција во ова натпреварување, но и низ квалификациите за ЕП кои се играат во август.
„Одбојкарската репрезентација ја очекуваат бројни активности во следниот период , за две недели не очекуваат 6 натпревари, потоа ќе учествуваме на Медитеранските игри во Тарагона, а се ќе заокружоме со квалификациите во август по кој очекувам да се радуваме на голем успех. По тој повод УО на ОФМ се одлучи да го ангажира Љубомир Травица, познат тренер кој треба да ја води селекцијата до историски успех“ истакна Зоран Карановиќ, генерален секретар на ОФМ.
Новиот селектор Љубомир Травица е задоволен што ќе биде предводник на Македонија во овие натпревари.
„Мило ми е што можам да бидам дел од оваа приказна. Се надевам дека во овој краток период во кој ќе бидеме заедно ќе можеме да направиме некој добар резултат иако е тешко да се зборува за некои прогнози. Сепак за неколку денови ќе имаме појасна слика за тоа што може да очекуваме, нашата цел е да бидеме подготвени за Ф4 турнирот во Скопје каде треба да одиме на освојување на првото место.Околу составот сеуште не сме сигурни кој ќе биде подготвен да тогаш и да може да ги одигра сите овие натпревари, но како што стојат работите мислам дека ќе имама добар состав. Атмосферата е на високо ниво што е многу важно и се надевам дека ќе биде така до крај и дека тоа ќе ни помогне во остварување на нашата цел“ истакна селекторот Травица.