Атлетико Мадрид може да направи изненадувачки потег и да го привлече Џејми Варди, објави денес весникот „Мирор“.
Шпанскиот тим кој само пред неколку дена триумфираше во Лига Европа ќе бара сериозно засилување на офанзивата на тимот, откако се очекува тимот да го напушти Антоан Гризман, кој речиси сигурно ќе го се пресели во Барселона, но тука е и заминувањето на еден од симболите на екипата Фернандо Торес.
Варди, кој беше движечка сила за титулата на Лестер пред две години, има две години од сегашниот договор со „лисиците”, но е проценет на околу 16 милиони фунти. Атлетико Мадрид е подготвен да понуди 20 милиони за 31-годишниот напаѓач.
Веднаш по освојувањето на титулата од Лестер Арсенал беше подготвен да плати 50 милиони фунти за него, но тогаш Варди одлучи да остане во Лестер Сити. Во текот на сезоната која заврши Варди постигна 23 гола на 42 одиграни натпревари.