Легендата на Барселона, Андрес Иниеста, вчера против Реал Сосиедат го одигра последниот натпревар во дресот на Каталонците и на емотивен начин се прости со фановите на шпанскиот состав.
Фудбалерот кој остави голем белег во историјата на тимот од „Камп Ноу“, беше уловен од фотографите како долго во ноќта остана сам на стадионот на кој доживеа многу моменти за паметење и се радуваше на 32 титули.
Фотографиите од осамениот Иниеста додека седи на средината на теренот го обиколија светот и предизвикаа посебни емоции кај љубителите на фудбалот.