Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лео Меси, вели дека евентуалниот ангажман на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ќе влијае максимално позитивно во екипата на Каталонците.
„Гризман ми се допаѓа, моментално е еден од најдобрите. Ние сме секогаш воодушевени кога кај нас доаѓаат одлични фудбалери“ – изјави Аргентинецот во последното интервју откако неговиот тим ја освои титулата во Шпанија.
Во истовреме првиот човек на Баселона, Бартоме, изјави дека преговорите со менаџерот на играчот започнале уште во Ноември и дека набрзо треба да финишираат.