Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини нема да го обнови договорот и со тоа е јасно дека најавува заминување од клубот.
Ова го изјави спортскиот директор на Милан Масимилиано Мирабели. Во последниве денови, италијанските медиуми тврдеа дека Милан сака да го привлече играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед во своите редови. Според истите извори, Милан му понудил на Фелаини тригодишен договор, додека од „Олд Трафорд“ понудата била за само една година.
„Тој е врвен играч и сакаме играчи од негов калибар. Сепак, ќе биде тешко да го привлечеме, иако знаеме дека нема да го обнови договорот со Манчестер. Ние ќе сториме се за да го донесеме во нашите редови, но нема да ги откриеме нашите карт. Сакаме да направиме добар тим за следната сезона и за настапот во Лига Европа. Вториот дел од сезоната беше навистина добар за нашиот тим, треба тоа да го продолжиме“ изјави Мирабели за италијанските медиуми.