Ентони Марсиал може да ги засили Челзи или Тотенхем во летниот трансфер период. Според информација на „Ивнинг Стандард“, менаџерот на фудбалерот веќе имаал неколку разговори со преставниците и на двата тима.
Според некои извори, Челзи има предност во преговорите и останува прв фаворит да го добие младиот Французин. За Марсијал интерес пројавија и Јувентус и ПСЖ, но засега нема информации за конкретни чекори со кои овие два тима би се вклучиле во наддавањето за него, ако се знае дека марсијал сигурно го напушта Манчестер Ј. ова лето.
23-годишниот француски напаѓач одигра 30 натпревари за Манчестер Јунајтед оваа сезона, постигна 9 гола и реализираше 5 асистенции.