Играчот од средниот ред на Рома, Раџа Наинголан сé уште е лут што не се најде на списокот на патници на селекторот на Белгија за Светското првенство во Русија.
Фудбалерот вчера објави дека се откажува од репрезентацијата по одлуката на селекторот Роберто Мартинез да не го земе на Мундијалот. Тој уште еднаш изрази разочарување, велејќи дека тој е единствениот врвен фудбалер кој ќе го пропушти светското првенство, а да не е повреден.
„Имаме нов рекорд за Гинис. Јас сум единствениот играч од светска класа, кој останува дома. Пред неколку дена Мартинез изјави дека сака баланс во тимот. Никогаш не сум имал проблеми со соиграчите, ниту со тактичкиот избор. За тоа не разбирам зошто не сум на листата, и не ми дадоа шанса да се докажам“, изјавил Наинголан.