Некогашниот тренер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини се врати во Англија, каде денеска и официјално беше преставен како нов тренер на екипата на Вест Хем. Како што објавија од клубот, Пелегрини е новиот менаџер на екипата по многуте турбуленции оваа сезона.
Пелегрини беше во англиската Премиер лига од 2013 до 2016 година како предводник на „граѓаните“ со кои еднаш стана шампион и двапати го освои Лига Купот.
Дејвид Мојс, кој ја заврши сезоната како тренер на „чеканите“ не доби продолжување на договорот.