Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски и официјално е нов фудбалер на хрватската екипа Ријека.
Дефанзивниот играч се сели од Вардар во Ријека како слободен играч, а ќе го носи дресот на хрватскиот тим во наредните три години. Велковски ќе биде третиот македонски играч во овој тим, по Леонард Жута и Милан Ристовски.
„Ријека е одличен град. Првите импресии ми велат дека луѓето се фантастични. Стефан Ристовски кој настапуваше во оваа екипа ми кажа се најдобро за овој клуб и навивачите. Го познавам и Леонард Жута со кого имаме играно во репрезентацијата. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата и дека ќе дојдеме до трофеи заедно“, изјави Велковски.
Велковски во поголемиот дел од оваа сезона работеше со младинците на Вардар, а претходно беше важен дел од составот кој со својот настап во групната фаза од Лига Европа испиша историја за македонскиот фудбал.