Тотенхем има интерес за купување на фудбвалерот на Интер, Иван Перишиќ, кој, според медиумите во Италија, сепак, не е на продажба. Хрватот беше во центарот на сериозна трансфер сага минатото лето, кога Манчестер Јунајтед одби да ги плати бараните 50 милиони фунти.
29-годишниот крилен фудбалер оваа сезона во дресот на „нероаѕурите“ постигна 11 гола и реализираше 9 асистенции со што му помогна на својот тим да обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона.
Тотенхем веќе го контактирал агентот на Перишиќ, но засега нема конкретни информации за преговорите.