Новиот менаџер на Арсенал Унаи Емери го даде своето прво интервју за клубскиот сајт откако беше официјално најавен како менаџер кој ќе го наследи Арсен Венгер. Шпанецот ќе одржи прес-конференција попладнево.
„Возбуден сум што му се приклучувам на еден од најголемите клубови во светот. Арсенал е познат и сакан во целиот свет поради стилот на игра, работата со младите, фантастичниот стадион … Многу сум возбуден дека ми е доверена одговорноста да го започнам ова ново поглавје во историјата на Арсенал “, беа првите зборови на Емери.
„Со нетрпение очекувам да почнам со работа и да ги запознаам луѓето во клубот, ова се специјални моменти за мене”, дададе Шпанецот пред клупскиот сајт на „топџиите”.