Претседателот на италијанскиот состав Јувентус, Андреа Анели, кој е воедно и прв човек на асоцијацијата на фудбалските екипи од Европа, има негова визија за нов формат на Лигата на шампионите.
Тој посакува бројот на екипите во групната фаза да остане ист, но, да се промени бројката на групите и учесниците во неа. Имено, предлогот на Анели е 32 екипи да бидат поделени во четири групи со осум учесници наместо досегашниот сиситем со 8 групи по 4 екипи.
„Новиот систем ќе го зголеми бројот на гостувањата од 6 на 14 со што значително ќе се зголеми и приходот за клубовите. Сакаме повеќе европски мечеви а помалку на национално ниво. Ако најдеме допирни точки, можеме да разговараме за предлогот. Мислам дека треба да има нормална еволуција на нештата” – искоментира Анили.