Шпанецот, Андрес Иниеста, денеска потпиша договор со јапонскиот елитен фудбалски клуб Висел Кобе. 34-годишниот плејмејкер за три сезони ќе добие околу 90 милиони долари.
Иниеста на специјална прес-конференција во Токио беше претставен од сопственикот на тимот, Хироши Микитани. Фудбалерот ја напушти Барселона по 22 години со одиграни 674 натпревари и освоени 32 трофеја. Неговиот нов тим по 15 кола се наоѓа на шестото место на табелата во тамошниот шампионат.
Легендата на Барса е еден од најтрофејните играчи во светот. Тој во богата ризница има пехари од шпанската Ла Лига и Купот на земјата, Лигата на шампионите, Европскиот и Светскиот суперкуп, Европското првенство и Светското Првенство.