Играчот од средниот ред на Барнли, Стивен Дефур, најави дека ја завршува својата репрезентативна кариера во селекцијата на Белгија.
30-годишниот фудбалер, кој нема настап за „ѓаволите“ од јануари, дебитираше за Белгија во 2006 година и има 52 репрезентативни настапи во кариерата.
„Сите добри нешта некогаш завршуваат. И посакувам голем успех на мојата репрезентација на СП во Русија. Вие можете да го направите тоа!”, напиша Дефур во својот Twitter профил.