Дали Карим Бензема ќе биде во стартниот состав на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул?
Ова е едно од прашањата кои сè уште не се одговорени. Но, сигурно францускиот фудбалер е амбициозен да учествува во натпреварот и да постигне гол. Статистиката во ЛШ, од нејзиното основање во 1992 година, покажува дека од сите напаѓачи кои биле во стартните состави во најмалку три финалиња, Бензема е единствениот кој нема постигнато гол во решавачкиот дуел за титулата, пишува весникот “Марка“. 30-годишниот фудбалер беше меѓу стартните 11 во финалето во 2014, 2016 и 2017, и најверојатно ќе биде исто така во стартниот состав и денес.
Досега, во Лигата на шампионите, уште осум напаѓачи биле три или повеќе пати во стартните состави на своите екипи, од кои сите постигнале барем по еден гол. Најмногу реализирал Кристијано Роналдо (4 гола), следен е Лионел Меси, Даниеле Масари, Раул, Филипо Инзаги, Самуел Ето (сите по 2 гола), Фернандо Мориентес и Вејн Руни (и двајцата постигнале по 1 гол).
Ако вечерва Зинедин Зидан му даде шанса на Герет Бејл од првата минута, тогаш за велшанецот ова ќе биде трет финален меч како стартер, но тој веќе има постигнато гол за разлика од Бензема.
Овие статистики податоци, сепак не треба да не залажуваат бидејќи Бензема е меѓу легендите на ЛШ. Во финалето можеби не му оди, но во целост има 55 гола во ова натпреварување, само четири играчи се пред него. Само еден повеќе од него има Руд ван Нистелрој, што значи дека многу скоро Французинот ќе се искачи на четвртата позиција на вечната листа на стрелци во Лигата на шампиони.