Хрватскиот дефанзивец Иван Стриниќ потврди дека ќе игра за Милан следната сезона. Дефанзивецот го носеше дресот на Сампдорија за време на минатата сезона, но не го продолжи договорот со тимот од Џенова и на тој начин ќе може да помине во Милан со слободен трансфер.
Хрватскиот репрезентативец најави дека потпишал тригодишен договор со гигантот од Милано.
„Сезоната е завршена и можам да потврдам дека повеќе не сум играч во Сампдорија. Јас потпишав тригодишен договор со Милан. Мислам дека трансферот ќе биде објавен од клубот по Светското првенство”, рече Стриниќ.
„Кога имате договор што истекува за два месеци, вашиот тим може да го стори тоа на два начина. Тој може да го искористи најдоброто од вас во последните натпревари или да не дозволи да играте. Затоа, играв само три натпревари во втората половина од сезоната. Милан ме сакаше и клубот ми кажа дека не им е грижа дали ќе играм до крајот на сезоната. Фактот дека ме сакаат толку многу е добар знак”, заклучи хрватот.