Сократис Папастопулос, дефанзивецот на Борусија (Д), најверојатно заминува од Германија и следната сезона ќе ја почне како фудбалер на Арсенал. Според информациите од германските медиуми, „топчиите“ од Арсенал веќе почнале со преговори за негов трансфер во Лондон.
Според авторитетниот „КИкер“, лондончани понудиле 15 милиони евра за грчкиот репрезентативец, додека Борусија е подготвена да го продаде за 18 милиони евра.
Договорот на Папастопулос со германскиот клуб истекува за една година. Оваа сезона, 29-годишниот грчки дефанзивец одигра 30 натпревари од германската Бундеслига, постигнувајќи два гола.