Новиот фудбалски шампион на Македонија, Шкендија, веќе ги има можните ривали во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите. На ждрепката закажана на 19 јуни, тетовци ќе бидат во групата на неносители и ќе добијат за противник некој од посилните ривали.
Во групата на можни противници за Шкендија има 16 тимови, меѓу кои и оние со најдобри коефициенти на УЕФА листата како: Лудогорец, Селтик, АПОЕЛ, Легија, Астана… Покрај нив, меѓу поквалитетните ривали кои Шкендија може да ги добие за противник се и Малме, Црвена Звезда и Видеотон.
Финалните групи на можни ривали во ова 1. коло УЕФА ќе ги објави непосредно пред ждрепката.