Големите градски ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се очекува да влезат во трансфер битка во текот на летото. Двата клуба се подготвени да конкурираат за дефанзивецот на Интер Милан Шкриниар.
23-годишниот словачки интернационалец ги импресионирал двата клуба со своите добри настапи за „нероазурите“. Тој е главен столб во одбраната на тимот за време на последната сезона од Серија А и помогна да се обезбеди место во Лигата на шампионите следната година.
Во Манчестер Сити се надеваат дека Шкриниар може да бида адекватна замена за капитенот Винсент Компани. Манчестер Јунајтед, исто така, го следи Словакот, а Жозе Мурињо го смета за совршен партнер на Ерик Беили во центарот за одбрана на „Црвените Ѓаволи“.
Се верува дека и двата клуба од Манчестер се подготвени да платат сума од 60 милиони фунти за овој играч. Сепак, во моментот Интер не е многу подготвен да го продаде, бидејќи тренерот Лучијано Спалети е категоричен дека вој играч му е потребен за наредната сезона.