Фановите на Рома го изгласаа напаѓачот, Един Џеко, за најдобар фудбалер на „волчицата“ во штотуку завршената сезона.
Интернационалецот од БИХ беше еден од најзабележителните на теренот како во Серија „А“ така и во елитната Лига на шампиони. Токму неговите погодоци го однесоа италијанскиот тим во 1 / 2 финалето во европската конкуренција и тоа по пауза од 27 години. Џеко уште еднаш се покажа како напаѓач од светска класа и затоа не изненадува што се претвори во миленик на тифозите.
Веднаш за него се смести Алисон додека капитенот, Даниеле де Роси, заврши на третото место. Меѓу првите петорица во изборот на навивачите влегоа и Александар Коларов и Костас Манолас.